| четврток, 6 декември 2018 |

Која е премиерката на Данска што се самофотографирала со Обама?

helle-smit

Премиерката на Данска, Хеле Торнинг Шмит е прва жена на оваа позиција од 3 октомври 2011 година. 46-годишната Шмит важи за неконвенционален лидер според мерилата на повеќето земји, пишува српски „Блиц“. Згодната блондинка што флертува со задоволство, ги наведува светските лидери на лоши работи – како самофотографирањето со Обама и со Камерон на комеморацијата на Нелсон Мандела, и со гордост шета со гардероба од познати марки. Данците ја нарекуваат „Гучи Хеле“.

hele smit danska premierka

Данската премиерка меѓутоа умее вешто да го искористи својот сексапил и елеганција, а приоа свесно гради имиџ на екстравагантна и самостојна личност. Ужива во вниманието на медиумите, затоа што знае дека тоа и носи гласови.

helle-thorning-schmidt

Торнинг Шмит максимално го искористи својот сексапил и за време на изборите во 2011 година. Подоцна било утврдено дека најчестиот збор покрај нејзиното име, кој бил употребуван на пребарувачот „Гугл“ за време на предизборната кампања бил „гола“. Не е јасно дали данските гласачи очекувале на интернет да најдат нејзина фотографија без облека или наивно се надевале. Набрзо по изборите, следувале приказни за нејзините скапи и суетни навики. Секоја нејзина луксузна чанта од марката „малбери“ чини меѓу 7.000 и 10.000 евра. Тамошните медиуми тврдат дека е опседната со ботокс за да го зачува младешкиот изглед.

Statsminister Helle Thorning-Schmidt

Во нејзиниот приватен живот ја следат скандали поврзани со нејзиниот сопруг Стиген Кинок, син на угледниот британски политичар Нил Кинок. Сопружниците живеат одделно, а Кинок де престојува, де не престојува редовно во Данска. Овој неконвенционален животен стил наметнал шпекулации дека нејзиниот сопруг е бисексуалец или хомосексуалец, за што Хеле тврди дека не е вистина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top