
Според информацијата, без струја од 8 часот и 30 минути до 10 часот и 30 минути ќе останат корисниците од улиците „Есенинова“, „Жил Верн“, „Трпе Петровски“, „Јордан Филиповски“ и „Стојан Стојановски“ во општина Кисела Вода.
Во периодот од 8 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улица „Народен Фронт“ бр. 33 и булевар „Партизански одреди“ бр.37 во општина Центар.
Без струја од 12 до 15 часот и 30 минути ќе бидат корисниците од улица „4 Јули“ од бр. 10 до бр. 30 во општина Ѓорче Петров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


