| четврток, 6 декември 2018 |

Лозарите го блокираа патот Прилеп-Велес

Не попуштаат лозарите од Тиквешијата и продолжуваат со протестите барајќи да се поништи продажбата на винарската визба Винеа и да се исплати долгот за предаденото грозје. Тие веќе трет ден го блокираат патот Прилеп – Велес кај клучката во Росоман. Од 12 до 16 часот и денеска таму не се одвиваше сообраќајот, единствено се пропуштаа итните случаи. Рекоа дека се незадоволни што никој досега од надлежните во државата не им посветил внимание на нивните барања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top