| четврток, 6 декември 2018 |

Официјална Атина нема да дозволи Македонија да добие датум за почеток на преговори со ЕУ

Нашиот став е дека сѐ уште нема услови за почеток на преговори со Скопје, изјави денеска заменик-министерот за надворешни работи на Грција, Димитрис Куркулас.

Тој го повтори ставот на грчката влада дека Атина направила чекори, кои тој овој пат ги нарече „храбри“ и оти е ред на нашата земја да одговори на нив со цел подобрување на добрососедските односи.

На тој начин, според Куркулас, ќе се отворат европските и евроатлантските перспективи на соседната земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top