Одбраnбениот фудбалер на Барселона Жерар Пике се запиша во историјата на Барселона како дефанзивец со најмногу постигнати голови на меѓународни натпревари.
Иако има само 26 години и пет години стаж во каталонскиот клуб, Пике ги помина Роналд Куман и Франк де Бур по бројот на постигнати голови.
Но тоа не е се, на натпреварот против Селтик, првиот гол на Пике воедно беше и илјадитиот гол на Барселона постигнат на меѓународна сцена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


