| четврток, 6 декември 2018 |

Мила Кунис и Ештон Качер чекаат бебе?

Убавата глумица Мила Кунис и Ештон Качер наскоро би можеле да запливаат во брачните води, бидејќи глумецот, по две години конечно успеа и службено да се разведе од актерката Деми Мур.

Пред венчавката на нејзиниот брат која се одржа во саботата на Флорида, Мила била сликана со веренички прстен, а неодамна се појавија и гласини за нејзината бременост.

– Тие сакаат да добијат дете, а тоа им е далеку поважно од венчавката. На Мила и е многу важна традицијата, таа сигурно ќе сака нејзините деца да се едуцираат во согласност со Јудеизмот и Кабала – откри извор близок до двојката.

 

Двојката се запознала на снимањето на американската серија „Луди седумдесети“, кога Мила имала само 14 години, а во врска се од април минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top