| четврток, 6 декември 2018 |

Мадона најплатена жена во музичката индустрија

Поп пејачката Мадона е најплатената жена во музичката индустрија со заработка од 125 милиони долари, според пишувањата на магазинот на „Форбс“.

Како што пишува магазинот, благодарение на толкавиот годишен приход таа е и најплатената позната личност генерално.

Поголемиот дел од парите од јуни 2012. до јуни 2013 Мадона ги заработила на турнејата „МДНА“ но и од продажба на облека и парфеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top