Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, најави осовременување на средните стручни училишта со набавка на лабораториска опрема за тие да бидат поатрактивни за учениците кои завршуваат основно и треба да се запишат во средно.
– Доколку бизнис-заедницата навистина ги отвори своите врати и ги вклучи во практична настава, учениците ќе можат и полесно да се вклучат во процесот на производство и полесно ќе добијат работа. Неопходна е и поддршката на Министерството, а, како што најавив пред извесен период, во текот на пролетта се планира набавка на дополнителна опрема, лаборатории за средните стручни училишта – изјави министерот Ристовски во средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“ во Штип.
Во проектот за набавка на потребните апарати и развојни работилници ќе биде опфатено и училиштето „Димитар Мирасчиев“, кое во изминатите неколку години се соочува со недостиг од ученици и покрај тоа што Штип е град на текстилната индустрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


