Неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна е пронајдена од работниците во РЕК Битола.
Телевизија Телма пренесува дека гранатата била забележана вчераутро од работниците од третата смена во РЕК Битола. Тие претпоставуваат дека гранатата е ископано заедно со јагленот од депонијата, а преку транспортниот систем стигнала до Термоелектраните.
Гранатата го поминала косиот мост и била забележана од работниците на височина од 60 метри. За среќа, не била измешана со рудата која се носи на дробилиц соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување.
– Станува збор за артилерсика граната тешка 6 до 7 килограми и долга 30 сантиметри. Веднаш кога работниците го забележаа убојното средсво, ја алармираа Дирекцијата за заштита и спасување. Јас, заедно со деминер, се упативме во РЕК Битола, ја подигнавме гранатата од местото и ја деактивирваме, рече Димче Јошевски, раководителот на Регионалната дирекција за заштита и спасување во Битола за Телма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.