– Пред сѐ, мило ми е што на еден ваков веб-сајт имаше гласање за песна на годината. Многу ми е мило што тоа е токму „Љубов“, песна која досега веројатно ќе имаше милион прегледи на „Јутјуб“, сега има околу 460.000, имаше 600.000, но беше тргната од „Јутјуб“ – вели Тајзи.
Ова е само уште едно од многуте признанија кои младиот рапер Тајзи ги доби за својата работа годинава.
Заедно со неговиот поранешен музички партнер Скипи, Тајзи во февруари доби две статуетки „Златна бубамара“, и тоа награда за откритие на годината и награда за најдобар спот за хитот „Екскјуз ми“.
Сепак, Тајзи продолжи сам со продукциската куќа „Иноватива“, сопственост на Марко Маринковиќ-Слаткар и Сања Николиќ, по што го издаде својот прв солистички албум. Неодмна тоа му донесе уште две статуетки, и тоа од македонскиот радиски фестивал МАРС, кој го прогласи Тајзи за ѕвезда што се раѓа, а неговата „Регетон“, пак, беше прогласена за радиски хит според гласовите на публиката.
За албумот чија продажба оди одлично, за новогодишните планови, новите видеоспотови, Марјана, па и огласот за патриотски песни од Владата, погледнете го целото интервју со Тајзи на „Република ТВ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Тајзи промовира нов спот (видео)
-
„Омилена“ на Тајзи летово на балканските радио станици
-
Малкумина знаат дека Тајзи бил успешен кошаркар: Дали ги препознавате трите кошаркари на Куманово во сликата на Тајзи?


