
Некогашниот градоначалник на Центар Жупа цели пет години собирал пари во кеш од граѓаните за израдба на патишта и канализација. Собрал 30.000 евра и сите си ги ставил в џеб. Градоначалникот дури сега е откриен.
Полициската станица во Дебар поднесе кривична пријава за Н.Ш.(55) од с. Голем Папрадник – Центар Жупа, поранешен градоначалник на општина Центар Жупа, за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Пријавениот, во периодот 2004-2009 година за изградба и реконструкција на патишта и канализациска мрежа од жителите на Центар Жупа зел на рака вкупно 30.700 евра и истите не ги внел на жиро-сметката на Општината, а прибраните парични средства си ги задржал за себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


