| четврток, 6 декември 2018 |

Видеоспотот на Андреј и Дон се снимаше низ цела Европа (ФОТО)

Европските метрополи Виена, Париз, Милано, Венеција и нивните најзначајни знаменитости – Виенската опера, Ајфеловата кула, миланската катедрала Дуомо и плоштадот „Св. Марко“, се само дел од локациите на кои бизнисменот и рапер Дон и Андреј од ДНК го снимаа видеоспотот за нивната заедничка песна насловена „Животот е круг“.

IMG_0088

Текстот за нивнната соработка го напиша самиот Дон, а музиката и аранжманот, како и комплетната продукција, се на композиторот и продуцент Лазар Цветкоски.

IMG_0961

–       Среќен сум што, конечно, имам заедничка песна со еден од моите најдобри другари од естрадата, Андреј од ДНК. Успеавме во неколку дена да ги посетиме европските метрополи и од таму со снимки, кои ќе ги спакуваме во несекојдневно видео, да ја доловиме приказната на песната. Со нетрпение очекувам финалниот производ да ѝ го презентираме на јавноста – изјавува Дон.

IMG_0579

–       Верувам во енергијата и пораката што ја носи рефренот на песната со Дон. Искрено се надевам дека ќе допреме до публиката и ќе ја поттикнеме да се бори за она што го сака во животот – изјавува Андреј.

Видеото го работи „2С продукција“, а песната заедно со спотот ќе биде промовирана за десетина дена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top