
Според едно истражување на економскиот портал „Кварц“ во врска со купување на државјанства од други земји, најскапо е она на Австрија, а најевтино на Грција, пренесува „Анадолија“.
На почетокот на текстот се наведува дека и покрај фактот што земјите не сакаат да објавуваат во јавност, сепак, можно е богатите граѓани од стратегидки причини да купуваат државјанства од други земји.
Малта е една од последните земји, која соопшти дека нуди државјанство на секој што може да си го дозволи тоа. Условот е да привлече инвеститори во оваа мала, но развиена европска земја. Минатиот месец Парламентот на Малта одобри продажба на државјанството на таа земја, кое чини 650.000 евра, односно 895.895 долари за државјаните од третите земји. Премиерот Џозеф Мускат истакна дека овој план на земјата треба да ѝ донесе приходи и да привлече вредни и паметни луѓе, кои би можеле да вложуваат на островот. Премиерот проценил дека на тој начин може да се соберат 30 милиони евра за една година, што значи државјанство на Малта би купиле 45 лица.
Исто така, тие што ќе се решат на овој чекор ќе добијат право на работа и престој во целата Европска унија (ЕУ), бидејќи Малта е нејзинка членка и членка на шенгенскиот простор, без внатрешни граници и има безвизен режим со САД.
Според истражувањата на порталот „Кварц“, на осонова на податоците добиени од имиграциските бироа во светот, најевтиното државјнаство не е на Малта, туку во Доминиканска Република, каде што пасошот, односно државјанството на таа земја, за сите граѓани на третите земји чини 100.000 долари. Потоа следува островот Сент Китс и Невис во Карипско Море, каде што државјанството може да се купи за 250.000 долари. Во Грција, државјанството чини 344.575 долари.
Во рангот на овие земји се наоѓа и Јужен Кипар каде што државјанството чини 413.390 долари, потоа САД со 500.000 долари, Португалија 689.150 долари и Малта 895.895 долари.
Истражувањата покажале дека продажбата на државјанствата во Европа станала вистинска индустрија во пораст, посебно по глобалната економска криза, бидејќи многу земји очајно се обидуваат да привлечат странски капитал.
Сепак, најскапо државјанство во светот е тоа на Австрија, каде што за пасош на оваа развиена европска земја треба да издвоите 10 милиони долари. Малку поевтино државјанство од тоа на Австрија е на Австралија, каде што пасошот чини 4,7 милиони долари, во Сингапур тоа е два милиона долари, во Велика Британија 1.644.000 долари и во Хонгконг 1.289.810 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


