| четврток, 6 декември 2018 |

Њујорк го совлада Чикаго, конечно проработе Кармело (видео)

Во ноќта помеѓу средата и четвртокот се одиграа девет натпревари во НБА лигата. Судејки по формата во која се наоѓа тимот на Њујорк Никс, синоќа тие направија изненадување со тоа што на домашен терен го совладаа тимот на Чикаго Булс со резултат 83-78.
Конечно проработи и Кармело Ентони кој даде 30 поени и имаше 10 скока, а него го пратеше Амаре Стадемаер со 14 поени. Во екипата на Чикаго Булс најефикасен беше Мајк Данливи кој постигна 20 поени, а Карлос Бузер натпреварот го заврши со 12 поени и исто толку скока.

Милвоки Бакс беа поразени со 32 поени разлика од Сан Антонио Спарс, а крајниот разултат беше 109-77. Тоа беше седмиот пораз во последните осум натпревари на Милвоки на домашен терен.

Резулати на ноќешните натпревари:
Шарлот – Орландо 83:92,
Бостон – ЛА Клиперс 88:96,
Мемфис – Оклахома Сити 100:116,
Милвоки – Сан Антонио 77:109,
Минесота – Филаделфија 106:99,
Њу Орлеанс – Детроит 111:106 (продолжение),
Њујорк – Чикаго 83:78,
Сакраменто – Јута 101:122
Голден Стејт – Далас 95:93.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top