Силната експлозија што денеска го потресе центарот на Кабул, во близина на Амбасадата на САД, е поради експлозија во складиште за муниција на Армијата, а не на напад на талибански бунтовници, соопштија локалните власти.
– Експлозијата се случи во магацин за оружје. Тоа беше несреќен случај, а не непријателски напад – изјави Лутфула Машал од Командата на авганистанското разузнавање.
Тој прецизира дека експлозијата причинила материјална штета, но не и човечки жртви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.