| четврток, 6 декември 2018 |

Рибери тажен поради Ибрахимовиќ

Френк Рибери влезе во потесниот круг во изборот за „Златната топка“, но коментираше и за тоа што меѓу тројцата најдобри го нема шведскиот репрезентативец Златан Ибрахимовиќ.

– Среќен сум. Среќен сум поради себе, поради мојот клуб, но и за моето семејство. Малку сум тажен поради Ибрахимовиќ. Тој е одличен фудбалер и направи добри работи за ПСЖ оваа сезона – рече Френк Рибери, кој е главниот фаворит за добивање на оваа награда.

Споменатата награда ќе биде доделена на свечената церемонија во Цирих на 13 јануари в година, а покрај Рибери во потесниот круг се најдоа Лео Меси и Кристијано Роналдо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top