Премиерот на Украина Микола Азаров изјави дека неговата влада ќе потпише договор за приклучување со Европската унија ако им даде 20 милијарди евра.
Оваа изјава следувала само неколку часа по избивањето на нередите во Киев, кога безбедносните сили во организирана акција на плоштадот на независноста се судрија со околу 1.000 демонстранти кои протестираа против претседателот Виктор Јануковиќ.
Во судирите се повредени десетина луѓе, а речиси целиот центар на градот е демолиран.
Оние кои излегоа на улиците да бараат итно да се потпише договор за приклучување кон ЕУ, владата исто така ги поддржува таа идеја што побрзо да се реализира. Но, ние сакаме да создадеме услови под кои загубите на украинското земјоделство ќе бидат сведени на минимум. Предложивме, Европската унија да ги разгледа условите под кои ќе работи украинската индустрија, објасни Азаров.
Според него, европските официјални лица, по интензивирањето на протестите, сега не се брзаат да разговараат за прашањето на висината на помошта.
– Па поради што беа протестите? Поради европските официјални лица или поради народот на Украина кому итно му е потребна економска и финансиска помош, праша украинскиот премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина