| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев со Наполи испадна во круг од 3 екипи со по 12 бода

Екипата на Пандев Наполи не успеа да направи спортски подвиг и со победа од 3 гола разлика против Арсенал да се пласира во наредната фаза од лигата на шампионите.

Двата гола кои ги дадоа Игуаин и Каљехон на стадионот „Сан Паоло“ во Неапол не беа доволни италијанскиот вицешампион  да обезбеди настап во осминафиналето во Лигата на шампионите по што напролет ќе продолжи во Лигата на Европа.

Можност Пандев да презими во најсилното европско натпреварување имаше до самиот финиш кога на Велодром во Марсеј Борусија Дортмунд поведе со 2:1 и го елиминираше Наполи.

 

Во останатите двојки, од последното коло по групи беа постигнати следниве резултати:

Наполи – Арсенал 2:0,

Олимпик Марсеј – Борусија Дортмунд  1:2

Милан – Ајакс 0:0

Барселона – Селтик 6:1

Челзи – Стеауа 1:0

Шалке 04 – Базел 2:0

Атлетико Мадрид – Порто 2:0

Австрија Виена – Зенит 4:1

Понатаму продолжуваат, Арсенал, Борусија Дортмунд, Милан, Барселона, Челзи, Шалке 04, Атлетико Мадрид и Зенит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top