За 250 патници на канадската компанија Вестџет Божик стаса две недели порано.
Авиокомпанијата во соработка со Дедо Мраз им подготви изненадување кое ќе го паметат до крајот на животот. Патниците пред полетувањето од Торонто најпрво имаа несекојдневна видео средба со Дедо Мраз која ја прифатија како добра шега на компанијата со која патуваа, но вистиското изненадување следуваше по слетувањето во Калгари каде што со нивните багажи пристигнаа и подароците, онакви какви што ги посакаа од чорапи и шалови, до андроид таблети и големи ЛЦД телевизори.
Вниманието кое им го посвети компанијата предизвика солзи и воодушевување кај сите 250 патници, а особено кај најмладите.
Видеото беше објавено на Јутјуб во понеделникот, а за само два дена е прегледано повеќе од, верувале или не, 8 милиони пати!
Погледнете зошто:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.