| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје немоќен без главните играчи

Македонскиот шампион МЗТ Скопје без неколку стандардни првотимци доживеа уште еден пораз во својата прва сезона во Еврокупот.  Во Талин против екипата на Калев се поразени со 84-69 при што ја добија само последната четвртина кога веќе се беше одлучено.

 

За гостите најефикасен беше Синовец со 12 поени, 11 постигна Рејнолдс, кој имаше и 10 скока, а со 10 поени заврши Дејвис.

Единствена позитивна вест за македонските кошаркари играта на младите Марковски и Стајиќ кои постигнаа по 9 поени.

Во победничкиот тим најефикасен беше американецот Абот со 25 постигнати поени.

 

Македонскиот шампион сега е последен на табелата. Прв на табелата во оваа група е  Уникс Казан, пред Макаби Хаифа, Банвит и Рига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top