
Јавниот обвинител на Србија Загорка Доловац денеска соопшти дека во полициската акција „Гром“ против илегалната трговија со дрога досега се запленети над 21 килограми наркотици и се приведени 124 осомничени, од кои на 70 им е одреден подолг притвор.
Доловац на прес-конференција во Белград изјави дека во акцијата, која се уште трае, се запленети седум килограми хероин и пет килограми кокаин, откриена е една лабораторија за производство на наркотици и се конфискувани 27 пиштоли, 16 пушки, еден лесен митралез, четири рачни бомби и 525 грама пластичен експлозив.
Таа објасни дека досега се поднесени кривични пријави против 180 лица и се очекува да бидат поднесени кривични пријави за уште 100 осомничени за трговија со наркотици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


