| четврток, 6 декември 2018 |

Жена сакала да скокне од Камениот мост

kameni-most-i-goce-delcev---licovski

Средовечна жена попладнево се обидела да се самоубие фрлајќи се од Камениот Мост во центарот на Скопје. Според очевидци, жената била крајно возбудена, зборувала за неплатени сметки и дека извршители и го земале станот. На крајот и се слошило.

Случаен минувач кој во моментот се нашол на местото, ја предомислил. Тој почнал да ја убедува да не скока, па таа се тргнала од оградата на мостот. Веднаш била повикана екипа на Брза Помош и со возило била префрлена во болница. На местото на настанот дошле и полициските „Алфи“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top