Ова би биле вистински новогодишен поклон доколку вашата девојка ја сака НБА лигата, а сака да носи чевли со високи потпетици.
Фирмата „Херстар“ нуди женски чевли со високи потпетици кои се декорирани со боите од најдобрите НБА тимови.
Одлично одговараат на џинс панталони, но можете да ги комбинирате и со новогодишниот фустан. Тие се рачно правени од антилоп, а логото на тимот е извезено со свилен конец. Висината на потпетицата е 11 сантиметри.
Чевлите чинат околу 80 евра, а можете да ги нарачате и преку интернет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.