| четврток, 6 декември 2018 |

НСА и британските служби тајно користеле бази за податоци на „Гугл“

Американската агенција за национална безбедност НСА и британските разузнавачки служби тајно користеле бази на податоци на корпорацијата „Гугл“ за следење на нивните клиенти, пишува денеска весникот „Вашингтон пост“.
Според тврдењата во документите, објавени од Едвард Сноуден, шпионските центри користеле технологија каква што користат трговските компании за утврдување на потрошувачките преференци на корисниците.
Весникот наведува дека специјализираната компјутерска програма ПРЕФ, која „Гугл“ ја користи за рекламни цели, не содржи лични податоци на клиeнтите.
Програмата, сепак, автоматски пресметува дигитални кодови и на тој начин го идентификува секој пребарувач и неговата историја на интернет.
Освен тоа, трговските информации до кои доаѓале специјалните служби овозможувале утврдување на местото на корисникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top