
Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, во Скопје одржа прес-конференција пред банер на кој пишуваше Стопанска комора на Македонија, јавуваат денеска грчките медиуми изненадени што тој прифатил да зборува пред таков натпис.
Фотографијата на Бутарис пред банерот на Стопанска комора на Македонија предизвика остри реакции меѓу читателите кои оставаат бројни коментари под веста во електронските изданија на медиумите, како и на повеќе грчки блогови.
Повеќето од коментарите се дека тоа што Бутарис се согласил да седи пред таков натпис, значи дека прифаќа кражба на името на грчка Македонија.
Извори од кабинетот на Бутарис за thestival.gr, информативен веб-сајт исклучиво за вести од Солун, изјавиле дека градоначалникот не забележал што пишувало на банерот зад него.
Бутарис вчера во Стопанската комора во Скопје присуствуваше на презентација на областите кои Солун ги има дефинирано како можност за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Социјалните мрежи вријат- Граѓаните до Заев: Предавник, капитулатор, лажго
-
Младите разочарани од празните ветувања на СДС: Каде е таа младинска гаранција, не се сите деца на директори!
-
Солунскиот градоначалник незадоволен што „Катар eрвејс“ ќе лета до Скопје
-
Трулежот на сдсмовските и соросови платеници со атак кон Владо Јовановски


