Како една од нашите најуспешни пејачки, Каролина Гочева е и една од најбараните женски изведувачи на Балканот. Овој викенд Каролина настапи на традиционалниот Божиќен концерт во Хрватскиот народен театар во Загреб.

Пред преполната сала резервирана само за познатите и успешни хрватски јавни личности, Каролина настапи во одбраното друштво на врвни музичари.

Македонското девојче уште еднаш ја остави хрватската публика без здив не само со својот настап, туку и со изгледот.

Каролина со пет концерти во Македонската опера и балет од 20 до 24 февруари ќе го промовира новиот албум „Македонско девојче 2“. Првиот сингл од албумот „Чалгиска“ беше објавен пред неколку дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


