Погребната поворка, која ги придружуваше посмртните останки на Нелсон Мандела пристигна во седиштето во Владата во Преторија, а на улиците беа присутни ијладници луѓе, кои сакаат да му оддадат поледна почит на херојот во борбата против апартхејдот.
Од попладневно граѓаните ќе можат да поминат покрај телото, кое ќе биде положено во комплексот Јунион Билдингс, каде Мандела е инаугуриран за претседател во 1994 година и ќе можат да му се поколнат на светскиот борец за мир. Граѓаните ќе можат да му оддадат последна почит на Мандела и утре и задутре.
Во сабота телото ќе биде префрлено во неговото родно мести, 700 километри јужно од Јоханесбург, каде ќе биде погребан в недела.
Мандела почина во четвртокот на 95-годишна возраст. На стадионот во Јоханесбург вчера веше одржана свечена комеморација, на која присуствуваа голем број светски лидери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Карлеуша не се одвојувала од Душко на погребот на татко му!
-
И во осмата деценија од животот не се предава: Бил Клинтон не го симна погледот од Аријана Гранде
-
Погребот на Арета Френклин закажан за 31 август во Детроит
-
И небото плачело: Молк на погребот на Миша Огњановиќ, a сите гледале во детал кој тера солзи на очите!


