Напаѓач самоубиец активирал експлозив во својот автомобил, во близина на колона на силите на ИСАФ, која влегувала на меѓународниот аеродром во Кабул.
На аеродромот се наоѓа една од најважните бази на меѓународните сили – Обединетата команда на ИСАФ, која ги раководи операциите на странските војски под команда на НАТО во Авганистан.
Нападот беше потврден од ИСАФ откако очевидци соопштија за силна експлозија крај аеродромот. Портпаролката на ИСАФ истакна дека нема жртви меѓу војниците.
Портпаролот на авганистанското МВР изјави дека нема цивилни жртви во нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.