Во организација на Дирекцијата за култура и уметност – Скопје и Факултетот за музичка уметност – Скопје, утре, на 12 декември со почеток во 19:30 часот, во концертната сала на Факултетот ќе се одржи концерт во знак на сеќавање на истакнатата македонска пијанистка и универзитетски професор м-р Стела Слејанска-Стојаноска.
На концертот ќе учествуваат поголем дел од оние кои под нејзино менторство влегова во светот на сериозната музика: Кристина Крагуевска, Ана Гацева, Маријана Јованчева, Сашка Панчева, Сандра Крагуевска, Татјана Џорлева, Ема Потевска, Александар Манев, Христо Стојаноски, Ангеле Михајловски и Андреј Стојаноски.
Со своето активно присуство на музичките сцени и фестивалски манифестации низ државава и во повеќе земји низ Европа и светот, Слејанска-Стојаноска беше етаблиран пијанист со „силна репродуктивно – творечка имагинација и индивидуалност во интерпретацијата“.
Слејанска-Стојаноска почина во август годинава, а овој концерт во нејзин спомен се одржува на денот на нејзиниот роденден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.