| четврток, 6 декември 2018 |

Милионерка бара маж преку оглас во весник

Saudijka-527

Милионерка од Саудиска Арабија објавила оглас во тамошен дневен весник во кој бара кандидат за нејзин сопруг.

Жената има 55 години и четири ќерки, а себе си се нарекува „Фатун“. Нејзин главен услов е кандидатот да не се ожени со неа поради парите, а навела и дека нема да биде лоша кон него.

Исто така во огласот наведува дека би било добро кандидатот да не биде постар од неа, да биде паметен и образован. Сепак, во огласот не наведува никаков контакт. Веројатно ако е доволно мудар, ќе најде начин како да стигне до неа.

Ова е втора богаташка која бара маж преку оглас, пишува Emmirates 24/7. Пред две години, непозната 33 годишна жена исто така со помош на весниците барала добар сопруг и за него нудела 330 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top