| четврток, 6 декември 2018 |

„Селфи“ фотографијата на светските лидери од комеморацијата на Мандела го обиколи светот

obama kameron selfi

Феноменот на самофотографирање е застапен и кај светските лидери, и тоа дури и за време на погребни церемонии. Селфи фотографијата на данската премиерка Хеле Торнин Шмид  со претседателот на САД Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон снимена на погребната комеморација на Нелсон Мандела во Јужна Африка го обиколи светот.

Фотографијата веднаш се рашири преку социјалните мрежи но беше пренесена и од многу светски медиуми кои го критикуваа несериозниот однос на лидерите како недоличен за таков настан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top