| четврток, 6 декември 2018 |

И Канада шпионирала за САД

prislusuvanjeКанадските тајни злужби вршеле шпионирале во странство за потребите на американската Агенција за национална безбедност (НСА), објави канадската државна телевизија Си-Би-Си повикувајќи се на тајните документи на НСА, обелоденети од Сноуден. Центарот за безбедност на комуникациите на Канада (ЦСТЦ), агенција која се занимава со електронска шпионажа, според Си-Би-Си, „работела заедно со НСА во околу 20 земји“, меѓу кои и канадски трговски партнери.
Во документот од четири страници со датум од 3 април 2013 година, на кој се повикува телевизијата, се тврди дека ЦСТЦ работела за НСА во реони „недостапни за САД“.
Кон крајот на минатиот месец Си-Би-Си, исто така повикувајќи се на документи обелоденети од Сноуден, објави дека Канада им дозволила на САД да ги прислушуваат разговорите на учесниците на самитите на Г-8 и на Г-20, што се одржаа во Торонто во 2010 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top