Припадници на чешкиот Оддел за борба против организираниот криминал од енергетската компанија ЧЕЗ конфискувале материјали, кои се однесуваат на соларните електрани, јави МИА од Прага.
Според достапните информации, во фирмата се испитуваат сомнителни криминални активности кои се однесуваат на електраните на сончева енергија и можна нанесена штета на ЧЕЗ.
Портпаролот на УООЗ, Павел Хантак не ја потврди акцијата, додека според портпаролот на најголемата чешка енергетска компанија, Ладислав Криж, полицијата ја „посетила“ фирмата и побарала увид во одделни документи.
ЧЕЗ и порано беше цел на истрага на антикорупциската полиција во врска со купувањето на соларната електрана од фирмата „Амун.Ре“, поради нејзината сомнителна сопственичка структура.
ЧЕЗ е фирма во која чешката држава поседува околу 70 проценти од акциит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски бара обвинителство кое ќе го истражува криминалот на Заев
-
ОЈО по допрен глас отвори истрага: Ќе се гонат тие што пишуваат на Фејсбук за пожарот во Грција
-
Андреј Бабиш: Чешка нема да прима ниту луѓе кои бегаат од војна!
-
Истрага во Србија за македонска надри-лекарка Слаѓана Велков и за Јелена Карлеуша


