Украинскиот претседател Виктор Јанукович ja поздрави во Киев, Украина, високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Кетрин Ештон. Кетрин Ештон пристигна во Киев да учествуваат во разговорите за можна политичко решение за кризата во Украина.
Ештон не ппропушти да се појави и на киевскиот Плоштад на независноста каде што продолжува протестот на проевропската опозиција заради суспендирањето на подготовките за потпишувањето на спогодбата за придружување на Европската унија, што демонстрантите го сметаат за свртување кон Русија. Демонстрантите со овации ја поздравиле Ештон.
Нејзе при разговорите со демонстрантите на Плоштадот, симболот на Портокаловата револуција до 2004 година, ја придружувале Арсениј Јанценјук, лидерот на пратеничката група на најголемата опозициска партија Баткившчина (Татковина) на поранешната премиерка Јулија Тимошенко, како и поранешниот министер за надворешни работи на Украина, Володомир Огризко, пренесуваат украинските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Дојави за бомби во Киев: Затворени пет метро-станици
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Хаос во Киев: Демонстрантите се судриле со полицијата, уапсени 100 луѓе, најмалку 10 повредени


