| четврток, 6 декември 2018 |

Ставревски до струмичани: Вклучете се во проектите

strumicaВицепремиерот Зоран Ставрески им сугерираше на бизнисмените активно да се вклучат во планираните владини проекти догодина.

-Тоа се крупните проекти за изградба на автопати, за железничката пруга, како и за реализација на бројни капитални проекти во сите сфери и можноста за домашните компании да се вклучат во овие проекти, бидејќи тоа е еден од начините да се обезбеди работа за следната година- изјави Ставрески по средбата со бизнисмените.

Станало збор и за пристапот до финансиски средства и поволните кредити од Европската инвестициска банка со камата од  5,5 проценти.

– За овие кредити малото стопанство од Струмица имаше интерес. Ќе настојуваме што поголем број фирми  од струмичкиот регион да добијат од тие средства- истакна Ставрески.

Средбата во Струмица ја оцени како можност да се слушнат фирмите во делот на нивните согледувања какви се состојбите во економијата и дали се соочуваат со одредени проблеми или потреби за поефикасно работење на институциите.

– Во главно постои задоволство  од работењето на Царината, на УЈП,  на Управата за имотно правни работи. Слушнавме неколку корисни сугестии за забрзување на протокот на стоки и патници преку границите, за начинот на реализација на Законот за финансиска дисциплина кој ќе помогне да се подобри ликвидноста на фирмите и неколку други прашања од делот на регулативата и од делот на добивањето лиценци и слично. Ќе настојуваме на сите што учествуваа на дебатата да им помогнеме директно, а и преку системски мерки да се решат одредени прашања, бидејќи домашните инвеститори ни се исклучително значајни за реализација  на  нови инвестиции и за отворање на работни места- посочи Ставрески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top