| четврток, 6 декември 2018 |

Лап-топ или таблет од Дедо Мраз

santa-tabletЛап-топ, таблет или конзола за игри. Тоа се желбата на три четвртини од децата меѓу 5 и 11 години за новогодишните и божиќните празници, покажа истражување во Англија.

Родителите опфатени во истражувањето имале поделено мислење дали на децата треба да им се подаруваат електронски уреди, па така 46 проценти од нив сметаат дека таквите подароци се премногу скапи. Дури 29 проценти од испитаните родители мислеле дека нивните деца се премногу мали за таков подарок, додека 18 проценти од нив изјавиле дека повеќе би сакале детето да го израдуваат со некој традиционален подарок.

Иако имале резерви кога се децата во прашање, преку половина од родителите на крајот признале дека веројатно ќе попуштат пред детските желби, додека 31 отсто рекле дека тажниот израз на лицето на детето е причина поради која би се смилувале и би им ја исполниле желбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top