| четврток, 6 декември 2018 |

Јанукович одобри потпишување на Спогодбата со ЕУ во март догодина

viktor-yanukovych-2009-12-29-21-41-41Украинскиот претседател Виктор Јанукович одобри план со кој се предвидува потпишување на Спогодбата за асоцијација меѓу Украина и Европската унија во март 2014 година, соопшти денеска поранешниот шеф на украинската држава Леонид Кравчук.
– Неопходно е да почне доразработката на Спогодбата за асоцијација со ЕУ и таа да биде потпишана во текот на март 2014 година, изјави Кравчук.
Како што јави ИТАР-ТАСС, Јанукович денеска на средба со поранешните украински претседатели Леонид Кравчук, Леонид Кучма и Виктор Јушченко, изјави дека курсот на Украина кон евроинтеграциите нема да се промени.
Тој најави дека утре работна група на украинската влада, на чело со првиот вицепремиер Сергиј Арбузов, ќе замине за Брисел.
– Почнува конкретната работа со ЕУ, што ни беше предложена од Европската комисија, забележа Јанукович.
Тој посочи дека регулирањето на гасното прашање во односите меѓу Украина и Русија е првиот приоритет за Киев.
Во моментов цената на рускиот гас за Украина ја надминува средноевропската за над 200 долари и поради оваа причина за последните три и пол години Украина претрпе загуби од над 20 милијарди долари, рече тој.
Според Јанукович, обновувањето на трговските односи со Москва нема алтернатива за Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top