
Тракија од Грција па до Босна, вклучувајќи го и Солун, но и Скопје – со ваква изјава излегол турскиот премиер. Грција веројатно се најде загрозена, па веднаш се повика на меѓународното право, добрососедството, територијалниот интегритет, пренесува Канал 5.
Тракија од Грција па до Босна, вклучувајќи го и Солун, но и Скопје – со ваква изјава излегол турскиот премиер, изјава која предизвика голем интерес но и реакции не само во медиумите во Грција, туку и од грчкото МНР. Речиси сите онлајн изданија на весниците ја пренесуваат изјавата со коментар дека Ердоган уште еднаш провоцира, преминувајќи ги сите граници, а со ваквите ставови повторно ја оживува визијата за „Турска Република Тракија“.
„Ако се свртиме наназад во минатото, Тракија во исто време е и Скопје, Приштина, Призрен, Сараево. Тракија е жив сведок на заедничката историја на Европа. Таа е сведок на целото наше географско минато“ – рече Ердоган.
Според турските медиуми пак, нивниот премиер говорел симболично, а грчкиот печат ја извадил од контекст целата изјава.
Експресно реагираше и грчкото МНР, портпаролот смета дека е потребна посебна внимателност кога се даваат изјави што содржат историските и географски наводи поврзни со Балканот.
„Денес, веќе единствен критериум е почитување на меѓународното право, а со тоа и правилата кои произлегуваат,односно добрососедските односи, кои се базираат на почитување на националниот суверенитет и територијалниот интегритет на сите држави во регионот. За Грција – која очигледно би можела да споменува многу историски работи – ова е од фундаментална позиција, позиција која се подразбира и која не може да се прекрши“ – пишува портпаролот Константинос Кутрас во писмената изјава од грчкот МНР.
Ова „препукување“ на релација Анкара – Атина доаѓа само 3 дена пред посетата на Грција на министерот за надворешни работи на Турција, посета која ја најавија турските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ердоган и Бојко Борисов ја отворија „Железната црква“ во Истанбул
-
Обезбедувањето експресно реагираше: Maж се качи на бината и го фати Ердоган за рацете (видео)
-
Ердоган: Ако најдете мои сметки во странство, ќе поднесам оставка
-
Средба Ердоган – Путин: Односите меѓу Русија и Турција се целосно обновени


