
Општина Струмица го демантира текстот по повод поставената вртелешка на плоштадот „Гоце Делчев“.
-Во согласност со законските прописи, општина Струмица е должна благовремено и во законски рок да одговори на уредно поднесено барање за користење на јавна површина, било да е од здружение на граѓани или друг правен субјект. Општина Струмица и во овој случај постапи согласно законските прописи и издаде решение за времено користење на дел од плоштадот. Што значи, општина Струмица не ја постави вртелешката и не ја чини ниту еден денар од општинскиот буџет, за разлика од вртелешката на Коце Трајановски во Скопје која чини 160 илјади евра. Општина Струмица, по кој знае кој пат им држи лекции на сите општини во Република Македонија, па и на градот Скопје, како се работи во интерес на своите граѓани – велат од општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


