Претседателот на САД, Барак Обама, денеска на комеморацијата за Нелсон Мандела во Јоханесбург се ракуваше со својот кубански колега, Раул Кастро. Тоа е гест без преседан меѓу лидерите на двете земји, кои се во конфликт веќе половина век, пренесоа британските медиуми.
Кастро му се насмевна на Обама кога се ракуваше со него, додека овој одеше кон подиумот за да одржи говор на комеморативната церемонија за поранешниот јужноафрикански претседател.
Американскиот претседател се ракуваше и со бразилската колешка, Дилма Русеф, која остро го нападна за шпионирањето на американската Агенција за национална безбедност, пренесоа американските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Америка во шок: Обама за малку избегна атентат со пакет-експлозив
-
Го остави подзинат: Првата дама на Полска го одмина Трамп за да се поздрави со Меланија (Видео)
-
Ќе се забрани ракување во болница
-
Амбасадорите на Обама во Македонија и во околните земји работат на поткопување на суверенитетот на државите


