| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се забрани ракување во болница

Болниците би требало да го забранат ракувањето и да воведат поздрав со тупаница, како алтернатива, тврдат стручните лица.

Ваков начин на поздравување го популаризираше претходниот претседател на САД Барак Обама. Со овој поздрав не би требало да се пренесуваат бактерии.

Многу британски болници веќе воведоа зони во кои ракувањето е забрането, а сега експертите ги повикуваат другите болници да го следат овој пример.

Традиционалното ракување е забрането на неонаталното оделение во две болници во Лос Анџелес, откако педијатарот д-р Марк Склански докажал дека овој начин на ракување пренесува најмногу бактерии.

– Правиме се што е во наша можност да ги минимизраме интрахоспиталните инфекции, а најлесно е да го забраниме ракувањето – вели д-р Склански.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top