| четврток, 6 декември 2018 |

Крушево: Удрил девојче на велосипед и избегал

Крушевската полиција поднесе кривична пријава за М.Б. од с. Саждево, Крушевско, за сторени кривични дела загрозување на безбедноста во сообраќајот и недавање помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

На 26 октомври во 10.45 часот, на локалниот пат село Саждево – село Лажани пријавениот, управувајќи со патничко моторно возило „сеат ибица“, поради неприспособена брзина на движење загубил контрола над возилото и удрил во велосипед управуван од малолетничка, при што таа се здобила со телесни повреди, а пријавениот без да ѝ укаже помош го напуштил местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top