
Само руските и украинските туристи го посетуваат повеќе и трошат повеќе во Солун, изјави преставникот за туризам на овој град, кој денес допатува во Скопје заедно со градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис.
Бутарис, пак, беше прашан дали има информација колку Македонци купиле стан во Солун последниве години бидејќи цените на становите во овој град се паднати за 50 отсто. Градоначалникот немаше одговор на тоа прашање.
Бутарис доаде дека сака Солун да го направи град на младите и затоа сака скопјани да го запознаат Солун, исто како што сака солунчани да го запознаат Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


