| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: Повеќето Црногорци се против членство во НАТО

Мнозинството граѓани на Црна Гора се против влез на земјата во НАТО, покажува денеска објавеното истражување на Центарот за демократија и човекови права (ЦЕДЕМ), пренесува Танјуг.

Според истражувањето на ЦЕДЕМ, 45 проценти од граѓаните на Црна Гора се против влез во НАТО, 38 отсто го поддржуваат членството во алијансата, додека 17 проценти од анкетираните немаат став за ова прашање.

Главниот методолог на ЦЕДЕМ, Милош Бешиќ, истакнува дека според истражувањето 54,6 отсто од анкетираните сметаат дека интеграцијата на Црна Гора во НАТО е важно прашање, што, според него, покажува раст на интересот на граѓаните за таа тема.

Истражувањето е спроведено во ноември низ 16 општини во Црна Гора, на примерок од 790 испитаници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top