По повод големиот успех на македонската кикбокс-репрезентација и освоениот златен медал на Светското првенство во Анталија, Турција, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Александар Пујовски, организираше прием за репрезентацијата.
Тој им го честиташе големиот успех и истакна дека македонската нација веќе претставува сериозен учесник на сите големи меѓународни натпреварувања.
Инаку кикбокс-репрезентацијата освои еден златен медал и пет пласмани од 5 до 8 место и беше предводена од селекторите Димче Кичевски, Дејан Митровски и тренерот Драган Атанасовски.
Златниот медал го освои Димитар Ѓорѓиев – 74 кг во дисциплината киклајт, каде што го повтори успехот од Светското првенство во 2011 година кога освои златен медал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





