| четврток, 6 декември 2018 |

„Хобит: пустошот на Смауг“ на денот на светската премиера и во Скопје

хобит
Премиерата на филмот „Хобит: пустошот на Смауг“ во 3Д во Скопје ќе се случи в четврток, на 12 декември во 20 часот во киното „Милениум“, и тоа на денот на денот на светската премиера, односно еден ден пред премиерата во САД.
Од четврток, па во следните неколку недели, фановите ќе имаат можност да патуваат низ живописните пејзажи и фантастичната нарација на режисерот Питер Џексон, во термините од 20 и 23 часот.
 „Хобитот“ не е единствениот новитет во кино „Милениум“ – во терминот за европски филм, 13 часот, почнува прикажувањето на филмот кој својата премиера ја имаше на годинешниов „Синедејс“, „Најдобрата понуда“ на генијалниот италијански режисер Џузепе Торнаторе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top