| четврток, 6 декември 2018 |

Љубе Бошкоски на суд посочен како убиец

Tarculovski-so-Ljube-vo-Hag

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжи распитот на сведоците предложени од обвинителството за случајот „Ровер“, поточно за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година.

Првиот исказ пред судот беше тој на Димитар Тушевски, татко на покојниот Марјан. Тој пред судот кажа дека е убеден дека Бошкоски го убил син му, а кога судот го праша од каде му е тоа сознание, таткото на Марјан одговори „Луѓето така зборуваа“.

Според сведочењето тој од народот слушнал дека Љубе стои зад убиството на неговиот син, и ја обвини и љубовницата на Марјан Тушевски дека го наместила. Таткото на починатиот Тушевски пред судот тврдел и дека љубовницата на Тушевски била во контакт со Бошкоски со цел да се намести неговиот син.

Адвокатката на Димитар Тушевски на новинарите им кажа дека за тврдењата на нејзиниот клиент нема докази, но сепак ќе се приклучат кон кривичниот прогон и ќе бараат отштета.

Денеска како втор сведок на обвинителството се појави и Александар Василевски викан Нинџа кој беше донесен од Шутка, каде издржува притвор како првоосомничен за обид за убиство на Драганчо Стоименов, во случајот „Детонатор“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top