| четврток, 6 декември 2018 |

Си точеле службена нафта, а потоа пријавувале во полиција дека е украдена

krazbi nafta ohrid

Четворица вработени во скопската фирма „СМС Компани“ си точеле нафта наменета за службени потреби, а потоа пријавувале во полциија дека некоја ја краде нафтата од камионите на фирмата.

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(25) од село Брод, Битолско, В.Т.(21), Ѓ.М.(19), двајцата од с. Бач, за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и П.Г. (35) од село Бучин, Крушевско, одговорно лице на фирмата „СМС Компани“ – Скопје за кривични дела „лажно пријавување на кривично дело“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во текот на август оваа година, првите тројца пријавени пред рудникот „Брод“ извршиле две тешки кражби на нафта од паркирани товарни возила причинувајќи материјална штета од околу 34.000 денари. По ова, П.Г. во СВР Битола лажно пријавил дека од трите возила е украдена поголема количина нафта од количината констатирана при реализација на кривичните дела, а, исто така, П.Г. на негов вработен во замена на плата му дал 200 литри нафта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top