| четврток, 6 декември 2018 |

Тежок удар за Ливерпул – Џерард ќе паузира шест недели

Екипата на Ливерпул скапо ја плати победата од 4-1 против тимот на Вест Хем, кој се одигра викендов. Легендата и капитен Стивен Џерард би можел да паузира шест недели поради повреда на тетивата. Ова е тежок удар за „црвените“ бидејќи во најбитниот месец во сезоната им се повредија два клучни фудбалера.

Прво останаа без Даниел Стариџ, кој заедно со Луис Суарез беше најстрашниот напад во Премиер-лигата, а сега и без фудбалерот кој им делеше топки.

Џерард досега има пет асистенции, даде три гола, додека, пак, Стариџ има постигнато девет погодици. Отсуството на овие двајца, сепак, ќе биде голем удар за Ливерпул кој моментално е втор на табелата со пет бода помалку од водечкиот Арсенал. Капитенот ќе ги пропушти гостувањата против Тотенхем, Манчестер сити, Челси, а исто и Стариџ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top