| четврток, 6 декември 2018 |

Рецензија за „Пред дождот“ во Иран

Milco Mancevski

Иранскиот филмски критичар Хосеин Еди Задех објави рецензија за „Пред дождот“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски, во иранското списание за филм „24“. Текстот, насловен како „Фотографија на смрт“, е објавен во делот на списанието кој се однесува на посебни тематски содржини.

– Авторот Задех во својот краток есеј ја разгледува употребата на камерата и фотографијата во филмот „Пред дождот“. Интересно е дека новата рецензија е објавена речиси 20 години по создавањето на филмот, кој е снимен во 1993, а имаше премиера во 1994 година. Ова не е прва рецензија за филмовите на Манчевски објавена во Иран. Минатата година беше објавена рецензија за „Мајки“ во списанието за литература и уметност „Тајробех“ – соопшти „Банана филм“.
„Пред дождот“, првиот филм на Манчевски, е добитник на 30 меѓународни награди, меѓу кои и „Златен лав“ за најдобар филм на Венецискиот филмски фестивал и номинација за „Оскар“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top